ВИДЕО: Салата на францускиот кошаркарски клуб Гравелин изгоре до темел

фото: принтскрин/youtube.com/@LeParisien

Голема несреќа му се случи на кошаркарскиот клуб Гравелин од истоимениот град во Франција.

Имено, нивната сала со капацитет од нешто повеќе од 3.000 седишта изгоре во пожар.

Салата беше зафатена од пожар што избувна токму на Божиќ.

– Ви благодариме на сите за пораките за поддршка. Пожарникарите даваат сè од себе за да го изгаснат овој страшен пожар кој ја уништува нашата „Спортика“…Благодарение на овие херои им ги испраќаме сите сили – соопштија од клубот.

Гравелин, инаку, го зазема претпоследното место во францускиот шампионат. Најголемиот успех во историјата е трофејот во Купот на Франција од 2005 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот