Фото: „Икс“/Принтскрин

ВИДЕО | Руски граничари влегоа во Естонија? Членката на НАТО го подигна алармот, полицајци се собираат на границата со Русија

Откако руските граничари влегле во Естонија, државата побара објаснување од рускиот амбасадор во земјата.

Тројца руски граничари влегле на територијата на Естонија во средата и останале кратко, соопшти Министерството за надворешни работи во Талин во изјава во четвртокот.

Снимки од безбедносни камери направени во средата покажуваат тројца како ја преминуваат браната на реката Нарва, која воедно претставува и дел од границата меѓу двете земји, пренесе „Јуроњуз“.

Инцидентот, како што се наведува, се случил околу 10 часот наутро, кога тројцата граничари ја преминале браната пеш, во близина на селото Васкнарва, откако претходно пристигнале во областа со лебдилка.

Сепак, поради инцидентот, полицијата и граничната служба значително ги зголемиле своето присуство и патролите, додаде тој.

Министерството за надворешни работи соопшти во објава на платформата „Икс“ дека ќе го повика рускиот амбасадор во Естонија за да „побара објаснување“.

„Немаше непосредна безбедносна закана,“ изјави естонскиот министер за внатрешни работи Игор Таро.

По нелегалното преминување на границата, војниците, наводно, се вратиле до својата лебдилка и отпатувале назад кон рускиот брег.

Видео, објавено од естонското Министерство за надворешни работи, наводно ги прикажува тројцата руски војници како одат по браната.

Шефот на Бирото за гранична стража при Источната префектура, Еерик Пургел, изјави дека неколку патроли на естонската гранична служба реагирале на инцидентот.

„Инцидентот е снимен со надзорна опрема и беше извршена и првична проверка на пристаништето. Остварен е официјален контакт со граничниот претставник на Руската Федерација со цел да се побара објаснување,“ рече тој.

Источната префектура на Естонија, исто така, ги зголеми патролите во подготовка за можни идни инциденти.

За четвртокот наутро беше планирана и средба меѓу граничните претставници на Естонија и Русија, на која Талин се очекуваше да даде изјава за упадот.

Повреди на воздушниот простор и упади со дронови

Европа е во состојба на зголемена тревога веќе неколку недели, откако прелетувањата на дронови во воздушниот простор на НАТО достигнаа невидени размери во септември. Тоа ги натера европските лидери да се согласат за развој на „ѕид од дронови“ долж границите, со цел подобро откривање, следење и пресретнување дронови што го нарушуваат европскиот воздушен простор.

Во ноември, воени претставници на НАТО соопштија дека нов американски систем за борба против дронови бил распореден на источниот фронт на Алијансата.

Естонија бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради упадот на руските „мигови“

По нарушување на полскиот воздушен простор, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, најави формирање на програмата „Источна стража“, која има за цел да ги одврати понатамошните руски упади.

Територијални одбранбени сили расчистуваат урнатини од уништен покрив на куќа во Вирики откако руски дронови го нарушиле полскиот воздушен простор на 11 септември 2025 година.

Некои европски функционери ги опишаа инцидентите како тестирање на одговорот на НАТО од страна на Москва, што отвори прашања за подготвеноста на Алијансата за можни закани од Русија.

Кремљ ги отфрли обвинувањата дека Русија стои зад дел од неидентификуваните летови со дронови во Европа, нарекувајќи ги „неосновани“.

Обвинителствата во Латвија, Литванија и Естонија формираа заеднички истражни тимови за напади организирани од странски разузнавачки служби, изјави специјалниот обвинител на Латвија, Мартињш Јансонс.

Организирањето заговори со извршители од повеќе земји или луѓе кои преминале граници ги исцрпува истражните ресурси на повеќе европски институции, што, според естонската државна обвинителка Триину Олев-Аас, е една од клучните цели на Москва.

Во изминатата година, таа рече дека профилот на напаѓачите во Естонија се променил — од мештани, главно познати на органите на прогонот, кон непознати странци. Тоа бара засилена соработка меѓу државите за да се спречат заговори или да се приведат извршителите.

Како „руски дрон“ заврши на куќа во Молдавија и кој стои зад операцијата?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот