ВИДЕО | Руската ФСБ спречи украински заговор за атентат врз руски офицери и нивните роднини во Москва
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека спречила заговор на украинските разузнавачки служби за атентат на високи руски воени офицери и членови на нивните семејства во Москва.
Препорачано
Операцијата се случи неколку дена по атентатот на генерал-полковник Игор Кирилов, началник на единиците за радиолошка, биолошка и хемиска одбрана на Русија, кој беше убиен со бомба скриена во електричен скутер на 17 декември во Москва по наредба на украинската разузнавачка агенција СБУ.
„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација спречи серија обиди за атентат врз висок воен персонал на Министерството за одбрана“, се вели во денешното соопштение на ФСБ.
„Четири руски државјани вклучени во подготовката на овие напади се уапсени“, додаде ФСБ, објавувајќи видео од своите операции.
Сотрудники ФСБ России предотвратили серию покушений на высокопоставленных сотрудников Минобороны в Москве и членов их семей. Подготовкой покушений занимались спецслужбы Украины, сообщили ТАСС в ЦОС ФСБ России:https://t.co/1sa4BkbWrh
Видео: ЦОС ФСБ РФ pic.twitter.com/vOlXdjAkeM
— ТАСС (@tass_agency) December 26, 2024
Според руската служба, бомбите кои уапсените би ги користеле биле во форма на „пауер-банк“ и папка со документи.
Се потсетува дека Русија го окарактеризира убиството на Кирилов како терористички напад од Киев и вети дека ќе се одмазди.


