ВИДЕО | Русија тестираше нова крстосувачка ракета со нуклеарен погон: Непобедлива е!
Русија ja тестираше новата крстосувачка ракета на нуклеарен погон „Буревестник“ што може да носи нуклеарна боева глава.
Препорачано
Началникот на Генералштабот го информираше рускиот претседател Владимир Путин, кој беше снимен облечен во камуфлажна униформа како ја посетува административната канцеларија на здружената група на сили и се среќава со генералот Валериј Герасимов и командантите.
Владимир Путин сообщил о успешном завершении испытаний крылатой ракеты «Буревестник».
По его словам, эти ракеты с ядерной энергетической установкой являются уникальными и не имеют аналогов в мире.
“Ключевые задачи по испытаниям ракеты достигнуты” pic.twitter.com/j0k9LBwgU8
— Ученик Штирлица4 (@max_otto4) October 26, 2025
Ракетата поминала растојание од 14.000 километри и била во воздух околу 15 часа, му рекол генералот Герасимов на Путин. Како што изјавил Путин, 9M730 Буревестник („Petrel“) е „невидлив“ за сегашните и идните системи за ракетна одбрана, со речиси неограничен дострел и непредвидлива траекторија на летот.
Во својот говор, Путин, облечен во камуфлажна униформа, му рече на Герасимов дека критичните тестови на „Буревестник“ се завршени и дека работата ќе започне во последната фаза пред да бидат распоредени ракетите.
🇷🇺🇷🇺🇷🇺🔥🔥🔥
Путин на линији фронта са начелником генералштаба Герасимовим и највишим официрима СВО у вези напредовања..
Тестирање ракете “Буревестник” је успешно завршено и она је од данас ОПЕРАТИВНА.
Домет ракете НЕОГРАНИЧЕН‼️‼️‼️ pic.twitter.com/64Fl8MtZ17— Црни Ђорђе (@djole1968) October 26, 2025
Според рускиот претседател, ракетата е „непобедлива“ и истакна дека „нема аналог во светот“ бидејќи има неограничен дострел и непредвидлива патека на лет.


