ВИДЕО: Роналдо во „невозможна мисија“ – бега од Пандев, Бејл, Мбапе, Лукаку..!

Фото: Принтскрин/Youtube/Omar Momani

Титулата ја брани репрезентацијата на Португалија која се наоѓа во „групата на смртта“ заедно со Португалија, Германија и Унгарија.

Кристијано Роналдо беше еден од најзаслужните што Португалците пред четири години ја освоија прва титула во историјата. Роналдо, играчот на Јувентус, во својата кариера имал бројни трофеи на клупски план и многу индивидуални признанија.

Дали ќе успее со својата селекција да ја одбрани титулата на Евро 2020, останува да видиме.

Познатиот уметник Омар Момани на својот Јутјуб канал објави видео на кои се гледа како Роналдо со сите сили се обидува да го задржи трофејот, на патот кон „Вембли“ каде што ќе се игра финалето на ЕП, а другите на секаков начин се обидуваат да го „украдат“.

Секако на ова ЕП игра и македонската А репрезентација предводена од капитенот Горан Пандев кој исто така имал славни моменти во клупската карира, па заслужено се наоѓа и во ова видео.

По повик од хрватските фудбалери, одеднаш се појавуваат Пандев и уште еден фински репрезентативец, да го земат трофејот, но Роналдо ги избегнува и тие удираат во дрво.

ВИДЕО: Во „Пинг Понг стил“ – Македонија до четвртфинале, а Чешка ќе биде европски шампион!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот