ВИДЕО | Роналдо се расплака по титулата со Ал Наср, славеше и со тапан
Кристијано Роналдо не можеше да ги сокрие солзите откако конечно ја освои првата шампионска титула во Саудиската Про лига со Ал Наср. Португалската ѕвезда емотивно реагираше на теренот пред крајот на натпреварот во кој неговиот тим славеше со 4-1 против Дамак, а потоа заедно со најверните навивачи на „Ал Авал Парк“ започна големо славје со тапани и песни.
Препорачано
Ал Наср по 11. пат стана шампион на Саудиска Арабија. Тимот предводен од тренерот Жорже Жезус во последното коло влезе под огромен притисок, знаејќи дека мора да победи за да ја задржи предноста пред големиот ривал Ал-Хилал, кој целата сезона беше без пораз. Сепак, Ал Наср одговори на предизвикот во голем стил и стигна до првата шампионска титула уште од 2019 година.
Атмосферата во Ријад беше вжештена уште од самиот старт, а домашните рано поведоа преку Садио Мане и Кингсли Коман. Иако Морлај Сила од пенал накратко внесе неизвесност, вечерта на крајот му припадна на Роналдо.
Cristiano Ronaldo in tears of joy.
What a moment. ❤️ pic.twitter.com/ftEJFvLYPr
— TC (@totalcristiano) May 21, 2026
Португалецот со два гола ја потврди победата на Ал Наср. Особено впечатлив беше неговиот погодок од слободен удар, кога со силен и прецизен шут од левата страна ја затресе мрежата во долниот агол. Тоа беше негов прв гол директно од прекин уште од август 2024 година, а воедно и 27. погодок сезонава во првенството.
Роналдо не застана тука. Десет минути пред крајот уште еднаш се најде на вистинското место во шеснаесетникот и го постигна својот втор гол на мечот, четврти за Ал Наср.
По овации од трибините, Роналдо беше заменет, а на клупата не успеа да ги сокрие емоциите и заплака. Овој трофеј има и посебно значење за него, бидејќи по доаѓањето во Саудиска Арабија во јануари 2023 година двапати завршуваше како вицешампион, а еднаш беше и третопласиран.
View this post on Instagram
It means so much to us 🏆 YALLA NASSR! 🟡🔵 pic.twitter.com/Uw1HSc6smC
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) May 21, 2026


