Кристијано Роналдо/AlNassr FC

ВИДЕО: Роналдо првпат заигра откако наполни 41 година и веднаш покажа класа

Фудбалерите на Ал Наср славеа победа од 2-0 во рамките од 22. Коло во саудиската Премиер лига на гости кај Ал-Фатех, а во овој дуел во центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо.

По два натпревари кој ги пропушти Португалецот поради незадоволство од работењето во спортскиот сектор на неговиот тим, Роналдо се врати на теренот и веднаш ја покажа класата.

Имено, по само 18 минути игра Роналдо ја затресе мрежата на домаќините за 1-0 и тоа за него беше 962 гол во кариерата со што дојде чекор поблиску до неговата најголема цел, а тоа се 1.000 голови на официјални натпревари.

За Роналдо ова беше и прв настап по неговиот роденден на кој наполни 41. година. Ал Наср до крајот постигна и уште еден гол преку Јахја за конечни 2-0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот