ВИДЕО | Роналдо дебитираше за Ал Наср: Не постигна гол, но ја воодушевуваше публиката

Фото: AlNassr FC

Кристијано Роналдо вчера дебитираше во дресот на Ал Наср во победата над Ал Етифак од 1:0.

Единствениот гол на натпреварот беше дело на Талиска, а со овој триумф Ал Наср дојде до врвот на табелата во првенството.

Роналдо не постигна гол, меѓутоа имаше неколку потези кои ја креваа публиката на нозе. При погодокот на Талиска, по топката скокна и Роналдо но не ја стигна.

Следниот натпревар Роналдо за Ал Наср го игра за три дена во Суперкупот против Ал Хилал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот