ВИДЕО | Рома најде замена за Матиќ: Паредес се врати во Рим

фото: EPA-EFE/Yoan Valat

Неодамнешниот играч на ПСЖ, кој минатата сезона ја помина на позајмица во Јувентус, Леандро Паредес (29), и официјално стана нов-стар фудбалер на Рома, потврди клубот на својата официјална веб-страница.

Аргентинецот го носеше дресот на римскиот клуб од 2014 до 2017 година, а сега потпиша договор со „волчицата“ до 30 јуни 2025 година. Во Рома доаѓа како замена за Немања Матиќ кој одлучи да ја продолжи кариерата во францускиот Рен.

– Би сакал да им се заблагодарам на навивачите што ме пречекаа во Рим. Се вратив во Рома поради навивачите. Тоа е клубот во кој ја започнав мојата кариера во Европа. Минатата година беше неверојатна за мене, бидејќи го освоив Светското првенство со Аргентина. Сакам да продолжам со успесите и верувам дека можам да го постигнам тоа со Рома – изјави Паредес, а пренесува официјалниот сајт на Рома.

Да потсетиме дека Паредес порасна во Бока јуниорс, а потоа играше за Киево, Рома, Емполи, Зенит, Пари Сен Жермен и Јувентус.

За репрезентацијата на Аргентина дебитираше во 2017 година, од кога одигра 54 натпревари и постигна пет гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот