ВИДЕО: РК Алкалоид на првиот европски меч ќе игра во новобрендирани дресови

Фото: РК Алкалоид

Ракометниот клуб Алкалоид предводен од тренерот Кирил Лазаров има успешен старт на сезоната во Суперлигата во која до сега оствари седум победа во низа во групата „А“.

Македонскиот вицешампион покрај домашните обврски, сезонава ќе има и настапи на меѓународната сцена, односно ќе дебитира во Европската лига на ЕХФ.

Првиот официјален меѓународен натпревар играчите на Лазаров ќе го имаат на 17 октомври во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје против Војводина од Србија.

Како што најавуваат од клубот, во првиот европски меч ракометарите ќе играат во новобрендирани дресови кои ги промовираа.

– Подготвени сме за предизвиците. Не се откажуваме во ниту еден момент. Секогаш на терен влегуваме со сеце и со желба за победа – вели ракометарот на Алкалоид, Мартин Серафимов.

Потсетување дека веќе се пуштени во продажба билетите за натпреварот РК Алкалоид – РК Војводина преку продажната мрежа на „МкТикетс“.

– Нашата екипа е подготвена. Со нетрпение го очекуваме првиот меч од Европската лига на ЕХФ – се зборовите на ракометарот на Алкалоид, Игор Ѓоргиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот