ВИДЕО | Режисерот на „Сам дома“ сака да го исфрли Трамп од сцената но се плаши: „Ако го тргнам тој дел, ќе ме избркаат од земјата“
Режисерот на филмот „Сам дома 2: Изгубен во Њујорк“ („Home Alone 2: Lost in New York“) Крис Колумбус сака да го отстрани претседателот на Соединетите Американски Држави од сцената во која накратко се појавува.
Препорачано
Крис во интервју за „Сан Франциско“ изјавил дека ова појавување на Трамп, кое трае само седум секунди, станало проклетство.
„Постојано ме следи. Посакувам едноставно да исчезне. Не можам да го „исечам“. Ако го тргнам, веројатно ќе ме избркаат од земјата“, рече тој.
Колумбус додал дека во тој случај би бил непожелен за САД и ќе мора да се врати во Италија од каде што е.
„Сам дома 2“ го следи палавиот Кевин Мекалистер, кој го игра Меколи Калкин, кој по грешка се качува на лет за Њујорк наместо за Мајами, каде што замина неговото семејство. Тој оди во хотелот Плаза, каде налетува на Трамп. Тој прашува каде е фоајето, на што Трамп одговара да оди низ ходникот, а потоа налево.
Колумбо претходно изјави дека Трамп инсистирал да биде во филмот. Тој во тоа време бил сопственик на хотелот.
„Плативме за да снимаме во „Плаза“, но тој рече: „Единствениот начин на кој можете да го користите хотелот е ако јас сум во филмот“, изјавил режисерот.


