Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Рецепт за палачинки со јаболка од рерна: Децата ги обожаваат!

Топлите палачинки од рерна се совршени, бидејќи не впиваат маснотии, а многу се вкусни. Пенести, меки, сочни…

Состојки:

– 2 јајца
– 2 ќесички ванилин шеќер
– 400 мл ладно млеко
– прстофат сол
– 3 лажици масло
– 160 г брашно
– 2 јаболка

Подготовка:

Изматете јајца, ванилин шеќер, ладно млеко, прстофат сол, брашно и масло. Исчистете ги јаболката и изрендајте ги. Префрлете ја смесата со јајца во плех обложен со хартија за печење. Ставете ги јаболката преку смесата. Печете во рерна околу 30 минути на 200 степени. Кога ќе се испечат, исечкајте ги на коцки, посипете ги со шеќер и цимет, завиткајте и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот