ВИДЕО | Рецепт за леден џин-тоник со шумско овошје, совршен за жешките ноќи

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ kuvajte_sa_stasom

Летните вечери на отворено, со омиленото друштво и омилениот пијалак – се рецепт за уживање.

Во „морето“ од освежителни летни коктели, џин-тоник е секогаш фаворит број еден. Едноставниот пијалак кој поврзува две основни состојки е, всушност, основа за неограничени комбинации на вкусови.

Малините, јагодите, портокалите, циметот и разните зачини традиционално го надополнуваат овој едноставен коктел.

Денеска ви носиме брз рецепт за освежителен џин-тоник со замрзнато шумско овошје, кое ќе го подготвите за само неколку минути, а вкусот е навистина нешто посебно.

Леден џин-тоник со шумско овошје

Состојки:

– шумски плодови
– свежа сечкана јагода
– џин
– тоник
– парчиња лимон
– ливчиња од нане
– мраз

Подготовка:

Во чаша ставете ги замрзнатите шумски плодови и сечканите свежи јагоди.
Додадете го лимонот исечен на подебели парчиња.

Додадете мраз, па сѐ прелијте со џин. Додадете лист нане, па сè прелијте со тоникот.

Напомена: Количините не се точно наведени, па соодносот на џин, тоник и овошје можете да го одредите по сопствен вкус. Експертите напоменуваат дека најдобриот сооднос е 1:3 во корист на тоникот и дека треба да го прелиеме врз четири коцки мраз (во стандардна чаша за џин) и да промешаме четири пати.

Рецептот за генијалниот освежителен коктел ни го сподели блогерката за храна Сташа, а повеќе вкусни рецепти можете да најдете на нејзиниот канал на Јутјуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот