ВИДЕО | Реал Сосиедад по четврти пат го освои Кралскиот куп
Фудбалерите на Реал Сосиедад во саботата ја освоија титулата во Купот на кралот, откако го победија Атлетико Мадрид со 4:3 на пенали во финалето во Севиља. Резултатот беше нерешен 2:2 по регуларните 90 минути и продолженијата.
Препорачано
Ова беше четвртиот трофеј историјата на Реал Сосиедад, додека Атлетико останува на 10 трофеи, вклучувајќи 10 финалиња што ги загуби.
Веќе во првата минута поведе Реал Сосиедад со погодокот на Баренечеа, а „јорганџиите“ израмнија преку Лукман во 18 минута од средбата на стадионот „Ла Картуха“.
Непосредно пред паузата Сосиедад се врати во водство (45+1`) од пенал кој го реализираше Ојарзабал. Во 83 минута видовме нов егал на мечот кој го донесе Алварез по асистенцијата на Алмада.
Мируваа мрежите во двете продолженија, а во пенал серијата непрецизни во редовите на Атлетико беа Сорлот и Алварез, во првата, односно втората серија удари.
Во редовите на Сосиедад единствено неуспешен од белата точка беше Оскарсон, а одлучувачкиот гол за освојување на пехарот беше го постигна Марин во петтата серија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
45мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


