ВИДЕО: Реал Мадрид со среќен гол во 94. минута ја победи Селта
Фудбалерите на Реал Мадрид со многу среќа дојдоа до победа на гостувањето кај Селта Виго со 2-1, откако победничкиот гол го постигнаа буквално во последните секунди од натпреварот.
Препорачано
„Кралскиот клуб“ на ова гостување пристигна по два последователни порази во Ла Лига, а дополнителен проблем за тимот беа и бројните повреди во составот. Сепак, и покрај тие проблеми, гостите поведоа рано. Во 11. минута Орелиен Чуамени стрелаше за водство.
Домашниот тим брзо возврати. Во 25. минута Борха Иглесијас ја затресе мрежата на мадридскиот состав и израмни на 1-1, резултат со кој се замина и на паузата.
Драмата кулминираше десетина минути пред крајот. Главниот судија Исидро Дијаз доби повик од ВАР-собата поради играње со рака на фудбалер на Селта во казнениот простор, но наместо пенал за Реал, по прегледувањето на снимката беше досуден прекршок во напад.
Селта можеше да стигне и до ја затресе мрежата во 87. минута, кога искусниот Иаго Аспас по одличен дриблинг ја погоди стативата, а многумина веќе ја видоа топката во мрежата. Реал се обидуваше да дојде до триумф, но без вистинска идеја во нападот. Кога изгледаше дека мадридскиот клуб ќедозволи на Барселона полесно да остане на врвот на табелата, повторно се појави Валверде кој речиси од „ништо“ успеа да ја затресе мрежата.


