ВИДЕО: Реал Мадрид го потврди трансферот на Ендрик од Палмеираш

фото: EPA-EFE/Fernando Bizerra

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денеска го потврди договорот со Палмеираш и трансферот на талентираниот напаѓач Ендрик.

Овој трансфер веќе неколку пати се најавуваше, а сега пристигна и официјалната потврда. Ендрик е роден 2006 година, па во Палмеираш ќе остане до полнолетство, поточно до летото 2024 година.

Реал за него плати астрономски 60 милиони евра, а во Мадрид ќе покријт и 12 милиони за разни даноци, што значи дека ќе чини вкупно 72 милиони.

Поради правилата на ФИФА, Ендрик сега би можел да потпише до 2027 година, со можност за продолжување на договорот до 2030 година.

– Сакам да му се заблагодарам на Палмеираш, клубот од моето срце, што ми даде сè што ми треба за да станам она што сум денес и што ми помогна да ги остварам моите желби и соништа. И конечно, што ме почитуваше мене и моето семејство и ни дозволи да избереме понатамошен пат. Додека не се преселам во Реал Мадрид ќе бидам максимално посветен во дресот на Палмеираш и сакам уште повеќе голови, победи и титули и да ги израдувам нашите навивачи – изјави Ендрик по официјализирањето на трансферот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот