ВИДЕО | Рама до Радев: Не бидете толку Европејци, бидете малку и Балканци

Еди Рама, Румен Радев / Фото: Скриншот, Бледски стратешки форум

Премиерот на Албанија, Еди Рама на Бледскиот стратешки форум, што оваа година е посветен на темата „Иднината на Европа“ со порака до претседателот на Бугарија, Румен Радев да не бидат толку Европејци, туку да бидат малку Балканци и да го отворат патот.

-Сакам да ја искористам приликата и да го прашам претседателот на Бугарија, ве молам, вие Бугарите, немојте да бидете толку Европејци, бидете малку Балканци. Отворете го патот. Отворете го патот, вели Рама.

-Што се обидувате да спасите таму? Се обидувате да спасите што?, рече Рама.

Отворете го патот за разговор. Дозволете ни да разговараме со нив, можете да бидете цело време на патот и да кажете не – блокираме овде, блокираме таму, застануваме тука, застануваме таму. Но, отворете го патот“, истакна Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот