ВИДЕО | Раководителката на Итната помош апелира: Слушајте ги здравствените работници, да избегнеме инциденти како оној во саботата

Инфективна клиника / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Итната медицинска помош како дел од сегментот на примарното здравство е дел каде што со години треба да се вложува во кадар за да може да одговори на предизвиците на целиот град. Во моментов со оглед на тоа со каква ситуација се соочуваме, се трудиме да имаме доволно кадар за да можат граѓаните колку – толку навремено да бидат услужени, изјави за Утрински брифинг Милица Бубало, раководителка на службата за Итната медицинска помош.

-Не треба да заборавиме дека Итната медицинска помош освен при транспорт на ковид пациенти, секојдневно интервенира и при сообраќајни несреќи, колапси… Нас работата не ни се намали, напротив ни се зголеми. За да можеме сето тоа да го направиме на правилен начин треба да внимаваме да не ја пренесуваме ние инфекцијата. Така што време малку се губи при пресоблекување на скафандерите, дезинфекција на комбето, вели Бубало.

-Сите можеме да бидеме пациенти и секој пат кога се пристапува до повиците се пристапува како да се интервенира за самот себе, вели Бубало и додава дека со интервенција од страна на Министерството за здравство набавени се нови возила и во моментов се 11 на број.

Целиот разговор со раководителка на службата за Итната медицинска помош, Милица Бубало погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот