ВИДЕО | Прво појавување на Даниел Кајмакоски по киднапирањето: Се вратил на местото на злосторството
Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски (43) се појави во јавноста за првпат откако беше киднапиран ноќта помеѓу саботата и неделата по настап во Бетон хала во Белград.
Препорачано
Кајмакоски синоќа настапил во истиот елитен ресторан, каде што бил киднапиран, и ја воодушевил публиката, која според неговото однесување никогаш не би претпоставила каков хорор доживеал пред неколку дена. Интересно е тоа што на официјалната веб-страница на клубот каде што настапувал, неговиот настап бил најавен само неколку часа претходно.
По стресната ситуација, Даниел се повлече од јавноста неколку дена за да ги надмине тешките моменти со своето семејство, а синоќа повторно застанал пред белградската публика и бил на висина на задачата.
Да потсетиме, полицијата сè уште трага по двајцата мажи што го киднапираа македонскиот пејач Даниел Кајмакоски (43) рано наутро во неделата во Бетон хала во Белград. Киднаперите, врзаниот Кајмакоски, го возеле 63 километри со неговиот автомобил, бегајќи од полицијата. Кајмакоски бил врзан на задното седиште од неговото „волво“, а кога киднаперите се забиле во банкината кај Рума, полицијата го пронашла пејачот, пишува српски „Блиц“.
Истрагата сега е насочена во неколку насоки.
ВИДЕО | Даниел Кајмакоски е киднапиран во Белград – српската полиција е на нозе


