Фото: FC Bayern München

ВИДЕО | Против Унион Берлин заврши низата на Баерн, Кејн во 93. минута го спаси фаворитот од пораз

Серијата од девет победи во Бундеслигата на Баерн Минхен беше прекината денеска, откако германскиот гигант ремизираше 2-2 на гостувањето кај Унион Берлин, во меч кој можеше да заврши и со пораз за баварците.

Баерн влезе во овој дуел како лидер со девет победи од девет натпревари, но денеска беа блиску и до пораз.

Домаќинот од Берлин поведе со гол на Доеки во 27. минута, но десет минути подоцна Диаз изедначи на 1-1, создавајќи надеж за нов пресврт и продолжување на победничката низа. Сепак, Унион Берлин успеа да одржи темпо и да стигне до конечни 2-2, подарувајќи им на навивачите изненадување на средината на табелата.

Се играшее 83. минута кога Доеки постигна уште еден гол за 2-1, за во 93. минута на сцена да стапи Хари Кејн и да го спаси Баерн.

Најубедлив во денешните натпревари беше Леверкузен кој со 6-0 го декласираше Хејденхајм. Посебно ефикасни домаќините беа во првото полувреме во кое постигнаа пет гола.

Борусија до последните моменти имаше водство со Хамбургер, но тогаш гостите длабоко во седмата минута од судиското проолжение постигнаа гол за 1-1.

Во последниот натпревар Хофенхајм дома беше подобар од Лајпциг со 3-1.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот