Еди Рама и Марта Кос на прес конференција во Брисел/Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

ВИДЕО | Прослава во Брисел: Рама и Кос пресекоа торта во боите на албанското знаме

Вчера во Брисел се одржа 7-та Меѓувладина конференција Албанија-ЕУ, со која се означи отворањето на последниот кластер од преговорите со ЕУ во рок од 12 месеци од отворањето на првиот кластер. Последниот е најважен во проценките на ЕУ, бидејќи е поврзан со демократските стандарди и владеењето на правото.

Последните поглавја, насловени како „Ресурси, земјоделство и кохезија“, формално ја заклучуваат фазата на отворање на 33 преговарачки поглавја.

По тој повод еврокомесарката Марта Кос, на крајот од прес-конференцијата во Брисел, им подари торта со боите на албанското знаме и бројот 6, што го симболизира отворањето на сите преговарачки поглавја. Албанскиот премиер Рама, пак, донесе шише автохтоно вино со негови скици, објави порталот Шкиптарја.

Свеќата со бројот 6 ја изгаснаа двете преговарачки Мајлинда Ѓука и Адеа Пирдени, додека премиерот и Марта Кос ја сечеа тортата за да го прослават успехот на Албанија.

Албанскиот премиер Еди Рама на својот Фејсбук објави и видео од приемот во Брисел и успехот на Албанија во преговорите за членство во ЕУ.

Албанија утре ќе го отвори последниот кластер од преговорите со ЕУ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот