ВИДЕО | Пронашла таен бункер во подрумот на куќата на нејзината баба

Фото: Принтскрин/ ТикТок/ itsmecarlys

Тиктокерката Карли објави видео од необичното откритие кое го пронашла во подрумот на куќата на нејзината баба, а видеото набрзо стана вирално и собра четири милиони прегледи. Карли објаснила како претходните сопственици го подготвувале подрумот како засолниште за нуклеарен напад, а нејзината баба не може да се спушти по скалите, па го оставила подрумот недопрен.

Подрумот изгледа сосема обично, но всушност крие тајна врата, бункер и многу бизарни предмети. Карли отиде до лажната цевка и ја помести, отворајќи ја скриената врата што води до просторијата наменета за складирање на конзервирана храна и пиштоли. Но, тоа беше само почеток.

@itsmecarlys Best thing about coming to this house. #doomsdaypreppers #bunker #endofdays #coolhouse #housetour ♬ original sound – It’s me Carly

Таа се сврте кон дрвената разводна табла зад која се наоѓаше влезот во таен бункер со куп стари лименки, гас-маски и шест импровизирани легла.

Бункерот е поделен на две простории, а во втората има извор на вода и уште една дрвена клупа. Претходните сопственици изградиле дури и тунел низ кој во случај на опасност можат да се лизгаат директно во тајниот бункер.

„Кога има гужва, знам каде да дојдам“, рече на крајот Карли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот