ВИДЕО | Пронајден првиот мегалитски споменик стар 4.000 години во Холандија
Холандските археолози открија локалитет со мегалитски споменик стар околу 4.000 години, кој го нарекоа „Стоунхенџ на Холандија“, пишува „Саенс алерт“ (Science alert).
Препорачано
Истражувањето околу таканареченото „светилиште на отворено“ започнало во 2017 година во малото село на околу 50 километри од Утрехт, а резултатите од долгогодишните истражувања беа објавени средата. На локалитетот се пронајдени три гробници каде главната гробница со дијаметар од 20 метри служела како соларен календар.
Погребната тумба, која содржела скелети на околу 60 мажи, жени и деца, имала неколку премини низ кои сончевите зраци директно преминувале во најдолгите и најкратките денови од годината.
Археолозите велат дека ридот на кој се ископувало потсетува на Стоунхенџ, добро познатиот мистериозен праисториски споменик во Британија, каде што исто така се случува овој феномен поврзан со најдолгиот и најкраткиот ден од годината.
Меѓу останатите артефакти на овој локалитет, во еден од гробовите пронајдено е едно стаклено зрно, за кое по анализата се покажало дека потекнува од Месопотамија, денешен Ирак.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
47мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


