ВИДЕО | Проф. Славески: Курсот на денарот е стабилен, банките ликвидни

Фото: Утрински брифинг/Слободен печат

Говорејќи за можноста за раст на цените на пазарот и дали тоа е индикација за можноста од инфлација и намалување на куповната моќ или се работи за пренесување на сегашната економска ситуација поради дестабилизацијата на светските и домашните текови, професорот Трајко Славески вели дека се испреплетуваат важни настани кои што влијаат на она што сега е исход и очекувања во јавноста.

-И да не се случеше оваа пандемија која предизвика пад на БДП и влез во рецесија, беше за очекување цените во Македонија да почнат да растат. Во изминатите неколку години владата на СДСМ водеше политика на агресивен притисок за зголемување на платите. Платите растеа со механизмот на зголемување на минималната плата, тие растеа во услови кога опаѓаше продуктивноста на трудот, продуктивноста во економијата и нема тука мистерија – доколку повеќе трошите од тоа што произведувате, со тек на време ќе дојдеше до ползечкиот раст на цените. Со настапот на кризата, пандемијата, како и во претходната криза во 2008-2009, кога паѓа економската активност паѓа и куповната моќ на слоеви на неселението, тоа го ублажува ефектот за порастот на цените, бидејќи економските кризи се пратени со дефлација, не со инфлација, но во исто време светската пандемија предизвика големи проблеми во функционирањето на светската трговија, што од своја страна предизвикува проблеми на страната на понудата кое влијае на инфлацијата, вели проф. Славески во „Утрински брифинг“.

Инфлацијата ќе влијае на очекувањата на луѓето. Кога очекувате дека тие ќе растат, тогаш тие ќе растат сами по себе. Првиот податок за инфлацијата е највисока во последните десет години, со можност за натамошен раст. Она што ги засега најголемиот број на граѓаните, особено оние со пониски доходи и претставува сериозен проблем за нивниот стандард е растот на цените на храната. Може да очекуваме натамошен раст на цените, но далеку дека инфлацијата ќе излезе надвор од контрола. НБРМ има инструменти, одговорот ќе биде спречување на излегување на инфлацијата од контрола, но тоа ќе значи забавување на економсккиот раст, пораст на каматните стапки, смета проф. Славески.

Во оваа пандемиска рецесија имаме среќа или поволна околност од економска гледна точка заради две работи. Прво меѓународните финасиски институции, за разлика од 2008-2009 ништо не помогнаа, сега имаше значителен робустен одговор. Целосно ги сменија парадигмите. Дојдоа значителни средства и како помош и задолжување со ниски камати. За разлика од претходната криза ние имаме многу мал дефицит во она што го нарекуваме тековна сметка на платниот биланс. Одлив и прилив на девизи, вели проф. Славески.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот