ВИДЕО | Проф. Наумовски: Канабисот шанса за нов приход и искористеност на аграрните површини

Нема сомнежи дека економијата и негативните ризици од економијата преовладуваат и во овој квартал. Сум внимателен оптимист, бидејќи не очекував еден ризик, а тоа е ризикот на производствените капацитети на вакцина и ризикот на транспорт и почитување на договорите. Сега веќе она што го очекувавме би ги корегирал за втората половина од годината, изјави во Утрински брифинг проф. Синиша Наумоски.
„Ако добро направиме анализа ние не сме земја која може да произведува атомобилски продукти. Ако се повлече една ретроспектива која може да ни даде ветер во грб е земјоделието и ние тоа го маргинализираме. Ако направите едно истражување, моите субјективни ставови говорат дека по Втората светска војна практично и да нема куќа во источна и централна Македонија која не се занимавала со производство на афион. Ако канабисот е актуелна тема која го донесе претходната влада, кога ќе направите добра анализа, ќе видите дека канабисот е причина да бидете во фаза на ренесанса. И тука не треба да се имаат стереотипи. Канабисот го практикуваат многу земји во САД. Во Уругвај одамна е легализиран, Холандија, Израел… Експанзијата на таа гранка многу повеќе би ја актуелизирала младата претприемачка сила од аспект на претприемништво“, вели проф. Наумовски.
„Она што нас ни треба е извоз на продуктот – цветот од канабис. Кога тоа ќе се дозволи вие вбризгувате околу 200 до 250 милиони евра директни приходи од странски извори, од извоз. Замислете колку буџетот ќе биде посилен со овие пари од извоз“, смета Наумовски. Целиот разговор погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот