Софи Тарнер како „Лара Крофт“ - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Проектот вреден повеќе од 120 милиони евра „виси на конец“ откако Софи Тарнер се повреди на сетот глумејќи ја Лара Крофт

Продукцијата на серијата „Томб Рајдер“ (Лара Крофт) на „Амазон Прајм“, вредна 120,5 милиони евра, е во паника откако главната актерка Софи Тарнер го повреди грбот на сетот. Снимањето во студиото „Шепертон“ е прекинато за еден месец откако 30-годишната ѕвезда од „Игра на тронови“ ја обнови претходната повреда, а постојат стравувања дека на Софи ќе ѝ требаат дури шест месеци за закрепнување, пишува „Дејли мејл“.

Тарнер ја презеде иконската улога по Анџелина Џоли и Алисија Викандер и повеќе од една година се подготвуваше за тешките каскадерски сцени. Бидејќи голем дел од серијата е веќе снимен, продуцентите се во паника бидејќи замената на актерката во оваа фаза би била исклучително тешка задача.

„На сетот владее хаос и целото шоу е во опасност. Софи целосно се внесе во улогата, но бруталните физички барања за ликот на Лара Крофт беа премногу за нејзиното тело“, вели извор за „Сан“.

Многумина стравуваат дека таа воопшто нема да може да се врати на време, што создава огромна главоболка за тимот.

Самата актерка претходно откри дека за време на подготовките сфатила дека има хроничен проблем со грбот.

„Трениравме по осум часа дневно, пет дена во неделата. Сфатив дека имам постојан проблем, но и дека е многу полесно да се изградат мускули ако некогаш во животот си вежбал, што кај мене не беше случај“, изјави Софи.

Софи Тарнер како „Лара Крофт“ – Фото: Инстаграм/Софи Тарнер

Таа додаде дека годините глумење во „Игра на тронови“ не ѝ помогнале за оваа улога, бидејќи таму била „кул кралицата“ која не учествувала во акциските сцени.

„Таму бев таа што ја тепаат, а не таа што тепа. Затоа е убаво да научиш како да зададеш удар, а не само да го примиш“, рече Тарнер пред повредата.

Креатор на новиот проект е Фиби Волер-Бриџ, која при најавата на кастингот изјави дека Софи е „незапирлива“ и дека целиот тим е нетрпеллив околу враќањето на Лара Крофт на екраните. Сега, судбината на еден од најамбициозните проекти на Амазон виси на конец.

ФОТО | Прва фотографија од новата Лара Крофт: Еве како изгледа актерката што ќе ја наследи Анџелина Џоли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот