ВИДЕО | Проблемот со Бугарија не е кај нас

Знаеме дека интеграциските процеси се тешки, знаеме каков беше и патот кон НАТО. Мора да кажеме дека во почетокот пречките беа и реформите кои требаше да се спроведат кај нас, но откако државата си ја заврши домашната работа за жал стигна блокадата од Бугарија која се обидуваме да ја надминеме, изјави за УБ пратеникот од БЕСА, Кастриот Реџепи.

– Проблемот не е кај нас, тоа го гледаме и преку поддршката и изјавите на повеќето членки од ЕУ, кои недвосмислено сакаат да се надмине оваа пречка и добро е што процесот трае значи сите напори и разговори, дијалогот и тоа мора да биде така бидејќи единствена алтернатива, единствен пат е интеграцијата во ЕУ, изјави Реџепи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот