Фото: Принтскрин/ ТикТок

ВИДЕО | Принцот Вилијам разговараше со обожавателка и се пошегува на своја сметка: Посакувам да имав таква коса

Принцот Вилијам вчера го посети фудбалскиот клуб Спортинг Калса во Вест Мидлендс, каде што беше пречекан од навивачите со транспаренти, меѓу кои и дама со светло црвена коса која го привлече вниманието. Во еден момент принцот ѝ пришол и ја поздравил, а потоа се пошегувал на своја сметка.

„Ах, твојата коса. Би сакал да имав таква коса! Изгледа фантастично. Веќе ја изгубив таа можност”, рекол тој, а потоа се насмеал и позирал со неа, а видеото стана вирално на социјалните мрежи.

@harjitkaursudera Met prince William today #fyp #princewilliam #fyppp #blowthis ♬ original sound – Harjit Kaur Sudera

Инаку, тој ден Вилијам го следеше и тренингот на Астон Вила, неговиот омилен клуб, кој вечерта го играше осминафиналето од Лигата на шампионите против Клуб Бриж, а таму го пречекаа околу стотина деца и локални жители со кои се фотографираше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот