ВИДЕО | Принцот Луис ги насмеа сите со својот танц на крунисувањето на неговиот дедо

Фото: Profimedia

Принцот Луис ги воодушеви гледачите на крунисувањето на неговиот дедо со своето танцување, а виралното видео на ТикТок од неговите танцови движења е прегледано нешто повеќе од 13 милиони пати.

Среќното петгодишно дете беше меѓу гостите во Вестминстерската опатија во Лондон, но додека ги крунисуваа кралот Чарлс и кралицата Камила, тој зеваше од досада. Малиот принц потоа се појави на балконот на Бакингемската палата со неговиот деветгодишен брат, принцот Џорџ и осумгодишната сестра, принцезата Шарлот.

Фото: – / Shutterstock Editorial / Profimedia

Принцот Луис стана главна ѕвезда на крунисувањето со неговиот експресивен одговор на настаните околу него. Видеото на кое танцува стана вирално на социјалните медиуми, особено на ТикТок, каде корисниците се воодушевени од забавниот карактер на малото момче.

На снимката може да се види како принцот Луис плеска, танцува и им мавта на илјадниците ројалисти, кои се собраа во Лондон за да бидат сведоци на историскиот настан.

@crownchronicles Prince Louis – need we say more? #princelouis #coronation #Royaltok #royal #royalfamily ♬ April (No Vocals) – The Young Ebenezers

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот