Фото: Принтскрин / ТикТок

ВИДЕО | Преплашени посетители на фестивалот во Израел се кријат во грмушки за да ги избегнат куршумите на милитантите на Хамас

На социјалните мрежи се појавија застрашувачки снимки од моментот кога преплашените израелски посетители на музичкиот фестивал беа принудени да се сокријат во грмушки, за да ги избегнат куршумите од милитантите на Хамас, во масакрот во кој загинаа околу 260 цивили, пишува „Дејли мејл“.

Имено, оние кои го преживеаја нападот објавија застрашувачки снимки на социјалните мрежи, покажувајќи како биле принудени да се кријат под грмушки, снимајќи тивки пораки за збогум до своите најблиски, додека гледаат како жртвите умираат една по една.

Многумина од нив лежеле под грмушките повеќе од пет часа, а решиле да излезат на отворено дури кога слушнале како нивните вооружени спасувачи од израелската војска зборуваат на хебрејски.

Се известува дека палестинските терористи ненадејно упаднале на техно-транс музичкиот фестивал „Супернова“ што се одржуваше во Кибуц Реим во близина на Појасот Газа.

Музиката на овој фестивал, за кој преживеаните рекоа дека има „добра атмосфера“, се слушала во текот на ноќта помеѓу петокот и саботата, до околу 6:30 часот наутро. Потоа се огласиле сирените кои предупредиле за ракетен напад.

Посетителите на фестивалот биле свесни за опасноста од ракети во оваа област, но не очекувале камиони полни со вооружени напаѓачи кои ја исклучиле струјата на фестивалот и извршиле напад, пукајќи во насобраната толпа.

Во продолжение погледенете го видеото:

@dailymail Festivalgoers were forced to hide in undergrowth to avoid Hamas militants #fyp #israel #hammas #palestine #military #festival #negevdesert #jerusalem #supernovafestival ♬ original sound – Daily Mail

Славната пејачка се огласи по повод крвавата војна во Израел: Срцето ме боли поради жртвите

ВО ЖИВО | Војна во Израел, немирите продолжуваат

ФОТО | Предизвика лавина негативни коментари: Кајли Џенер испрати поддршка до Израел, па ја избриша објавата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот