Фото: Принтскрин/Инстаграм

Славната пејачка се огласи по повод крвавата војна во Израел: Срцето ме боли поради жртвите

Никој не очекуваше она што се случи со Израел во саботата наутро кога членовите на Хамас извршија прво ракетни напади, а потоа упаднаа во јужниот дел на Израел. Упаѓаа во израелски градови и киднапираа цивили и војници, а повеќе од 100 од нив се киднапирани и се верува дека се наоѓаат во Појасот Газа. Во борбите се убиени стотици луѓе, а повеќе илајди се повредени. Ракетните напади врз Израел во 21 век не се случуваат првпат. Меѓутоа, овој интензитет на напади не е забележан од војната во Јом Кипурската војна во 1973 година, па од завчера се наметнуваат и многу прашања.

Израел официјално објави војна во недела, 8 октомври, за првпат по Октомвриската војна во 1973 година.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека неговата земја е во војна, а војската одговори со напад на Појасот Газа.

По овие страшни вести, на социјалните мрежи се огласи и пејачката Ноа Кирел која годинава го претставуваше Израел на Евровизија со песната „Unicorn“ и освои многу симпатии кај публиката.

„Ми беше исклучително тешко да ги сварам последните 24 часа и сè уште се обидувам да ги пронајдам вистинските зборови за да ја искажам огромната болка низ која поминуваме јас и мојата земја. Вчера, рано наутро, кон нас беа испукани над 3.000 ракети, повеќе од 300 наши браќа и сестри беа заклани од терористи кои се инфилтрираа во нашите градови, повеќе од 1.000 се повредени, а нашите војници и цивили (вклучувајќи невини деца и постари лица ) биле киднапирани и одведени во Газа. Срцето ме боли за жртвите и семејствата погодени од овој разорен масакр. Моето срце е со вас и се молам за брзо враќање на нашите браќа и сестри дома. Не се сомневам дека ќе победиме“, напишала Ноа на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот