ФОТО | Предизвика лавина негативни коментари: Кајли Џенер испрати поддршка до Израел, па ја избриша објавата

Фото: Инстаграм / kyliejenner

Реалити ѕвездата Кајли Џенер се најде на удар на критики откако реши преку објава на својот инстаграм-профил јавно да испрати поддршка до Израел по нападот на Хамас во кој загинаа стотици жртви, пишува „Њујорк пост“.

Имено, таа сподели фотографија од поризраелскиот профил „Стенд вит ас“ („@StandWithUs“) на која е прикажано израелското знаме и пишува: „Сега и секогаш стоиме со народот на Израел!“

Фотографијата на Инстаграм предизика лавина негативни коментари од нејзините следбеници, па набрзо по објавувањето Кајли ја избриша објавата. Реакциите секако се проширија преку Твитер и на другите социјални мрежи.

„Немој да се занимаваш со политика и да кажуваш дека го поддржуваш Израел. Палестина страда со векови“; Ве молиме сите да ја одследите Кајли“; „Нема поим што се случува меѓу Израел и Палестина“; „Таа всушност направи уште полошо со бришењето на фотографијата. Се гледа дека баш и не се грижи за никого и дека тоа го направила само за да предизвика реакции“, се дел од коментарите.

Исто така, Кајли ја обвинија и дека со поддршката за Израел ја повредила нејзината долгогодишна пријателка, манекенката Бела Хадид, која по потекло е од Палестина.

„За мене е неверојатно што го поддржува Израел и покрај тоа што нејзината најдобра пријателка е Палестинка“, „Дали познатите личности се слушаат? На пример, кога Бела зборува за Палестина, дали Кајли разбира што зборува?“, напишаа изреволтираните корисници на „Икс“ („Твитер“)

Инаку, борците на исламистичката организација Хамас во саботата го нападнаа Израел и убија повеќе од 700 луѓе. Израел возврати со воздушни напади врз Палестинците во Газа во неделата, при што загинаа стотици луѓе од двете страни.

ВО ЖИВО | Војна во Израел, немирите продолжуваат

Славната пејачка се огласи по повод крвавата војна во Израел: Срцето ме боли поради жртвите

ВО ЖИВО | Војна во Израел, немирите продолжуваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот