ВИДЕО | Прељубникот од концертот на „Колдплеј“ даде оставка од фирмата „Астрономер“
Генералниот директор на технолошката компанија со седиште во Њујорк „Астономер“ Енди Бајрон, кој беше фатен на камера во прељуба со шефицата на одделот за човечки ресурси на концерт на групата Колдплеј, поднесе оставка, објави Си-Ен-Ен.
Препорачано
Бордот на директори на „Астрономер“ ја прифати оставката на Бајрон, стои во нивната објава на „Линкдин“ каде се додава дека ќе почнат да бараат нов генерален директор. И на сајтот на фирмата во делот за „раководство“ како нов генерален директор е наведен Де Џој.
После виралното видео на Бајрон, се прошири лажна изјава од него онлајн. Во средата, на концерт на групата Колдплеј, во времето кога камерата „шета“ од двојка на двојка за кога ќе се фокусира на некоја од нив, луѓето да се бакнат, случајно таа застана на Бајрон и на неговата колешка Кристин Кабот, главна за човечки ресурси во истата компанија.
Нивната реакција предизвика светска сензација, со оглед на тоа што Бајрон е женет и има деца – и двајцата се сокрија од очите на јавноста а таа нивна реакција одекна гласно ширум целиот свет.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
9мин
-
12мин
-
31мин
-
31мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


