ВИДЕО: Прекрасна „рабона“ на Ламела, на крајот се радуваше Арсенал!

Фото: EPA-EFE/Julian Finney/POOL

Во дербито на 28 коло од Премиер лигата составот на Арсенал на „Емирати“ стадионот во Лондон го совлада Тотенхем со резултат 2:1.

Ламела со прекрасна „рабона“ во 33 минута им донесе водство на гостите, за Аргентинецот тоа беше прв премиерлигашки погодок од септември 2019 година против Кристал Палас.

Непосредно пред паузата „топџиите“ израмнија преку Одегард, тој е првиот норвешки играч кој реализирал за Арсенал во историјата на клубот.

Конечните 2:1 ги постави Французинот Лаказет кој беше прецизен од белата точка во 64 минута. Во 76 минута Ламела го доби и вториот жолт картон по што мораше предвреме да го напушти теренот.

На табелата Тотенхем е на седмата позиција со 45 бодови, четири повеќе од Арсенал на 10 позиција. Во оваа лигашка рунда се одиграа уште два меча, Саутемптон загуби дома од Брајтон (1:2), а Лестер убедливо со 5:0 го декласираше Шефилд јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот