ВИДЕО | Прекинат фестивалот: Поранешното момче на Тејлор Свифт сочно бакна маж на сцена
Музичкиот фестивал во Малезија е откажан откако Мети Хили, пејачот на британскиот бенд „1975“, остро ги осуди анти-ЛГБТК законите и бакна колега од бендот на сцената.
Препорачано
Во видео кое кружи на социјалните мрежи, Хили ги навредува и пцуе организаторите и малезиските власти во текот на настапот на фестивалот „Гуд вајбс“ (Good Vibes), кој се одржа во Куала Лумпур.
– Не гледам поента да ги поканете „1975“ во некоја земја, а потоа да ни кажете со кого можеме да имаме секс. Не е фер кон вас, бидејќи не сте претставник на вашата влада. Вие сте млади луѓе, а сигурен сум дека многу од вас сте геј и прогресивни – ѝ рекол Хили на публиката пред да му пријдат басистот и Рос Мекдоналд на сцената.
Оваа ситуација го поттикна Министерството за комуникации на Малезија целосно да го откаже фестивалот. Инаку, истополовите односи во оваа земја се незаконски и се казнуваат со парични казни, но и со казна затвор до 20 години.
Министерот за комуникации Фахми рекол дека Малезија е посветена на поддршката на развојот на креативните индустрии и слободата на изразување, но и дека уметниците никогаш не треба да ги „допираат“ чувствителните теми на заедницата, особено оние кои се против традициите и културните вредности.
ummm? The 1975 just got banned from kl? pic.twitter.com/Sxsyp8MJV3
— melanie⁷ ? (@vanillarumsboat) July 21, 2023
„1975“ требаше да настапи денеска во Џакарта, главниот град на Индонезија, каде што хомосексуалноста е табу-тема, иако не е противзаконска, освен во провинцијата Ачех, контролирана од шеријатот.
Не беше веднаш јасно зошто бендот го откажа своето шоу на 25 јули во Тајван, кој ги почитува ЛГБТ правата, вклучително и дозволувањето на истополовите бракови од 2019 година, објави Ројтерс.
Ова не е првпат пејачот на групата „1975“ да предизвика контроверзии. Хили наиде на критики на почетокот на оваа година за користење на нацистички поздрав на сцената во текот на песната „Love It If We Made It“, додека пееше стихови критички настроени кон раперот Канје Вест.

Меѓу другото, Мети Хили пред неколку месеци беше во центарот на вниманието поради кратката врска со пејачката Тејлор Свифт. Фотографите неколкупати го уловија Хили на нејзините концерти во текот на турнејата „Ерас“, но и како шетаат држејќи се рака за рака.
„Не беше сериозно“: Тејлор Свифт и Мети Хили ја прекинаа романсата
ВИДЕО | Дечкото на Тејлор Свифт сочно бакна член на обезбедување среде концерт


