ВИДЕО | Дечкото на Тејлор Свифт сочно бакна член на обезбедување среде концерт

Фото: Принтскрин/ Твитер

Пејачот Мети Хили, за кој веќе некое време се зборува дека е во врска со Тејлор Свифт, во петокот навечер бакнал член на обезбедувањето на концертот во Данска.

Хили со својот бенд „The 1975“ во склоп на Нортсајд фестивал (NorthSide Festival), на сцената ја изведувал песната „Robbers“. Кога го забележал момчето кое стоело пред сцената, му се приближил и го бакнал.

На Хили ова не му е прв пат да бакнува посетители на неговите концерти, а овој пат, тоа бил вработен во обезбедувањето, кој стоел пред бината. Во текот на последните 10 години, Хили бакнал десетина случајни посетители на неговите концерти и тоа токму за време на песната „Robbers“.

Еден од посетителите на фестивалот изјави за „Ентертејмент тунајт“ дека музичарот го започнал настапот носејќи превез на десното око, но подоцна го отстранил. За време на концертот, тој зборуваше за вулгарноста и за неговите херои, Џорџ Карлин , Лени Брус и Бил Хикс.

Пејачот и претходно го поврзуваа со Тејлор Свифт, по нивната прва средба во 2014 година. Тој исто така беше во врска со пејачките Хелси и ФКА Твигс , со која се раздели во 2022 година.

ФОТО | Тејлор Свифт конечно уловена со новиот дечко

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот