Фото: ЕПА / Тикток

ВИДЕО | Познатата актерка откри дека 20 години се бори со кожна болест, покажа како изгледа без шминка

Американската актерка Аманда Сејфрид, позната по улогите во „Мама миа“, „Клетници“ и „Злобни девојки“, неодамна покажа како изгледа без шминка и откри дека со години се бори со кожна болест.

Во неодамнешното интервју за магазинот „Вог“, 39-годишната актерка сними неколку видеа на Тикток на кои ја покажува нејзината рутина за убавина и откри дека веќе 20 години се бори со периорален дерматитис, осип на кожата што се појавува околу усните и ноздрите.

„Можеби мислите: ‘Што е тоа на нејзиното лице?’ Тоа е мојата егзема, патам од периорален дерматитис. Кога имав 19 години почнав да добивам осип“, рекла таа.

@voguemagazine #AmandaSeyfried has picked up quite a few makeup tips throughout her decades-long career. Tap the link in bio to discover all of her #beautysecrets ♬ original sound – Vogue

Таа тврди дека последните 20 години ги поминала барајќи соодветен совет од експерти. Откако во видеотот го изми лицето, таа покажа како истовремено го третира осипот и го прикрива црвенилото на нејзиното лице. Негата на нејзиното лице се состои од лековита крема, употреба на тонер, серум и коректор.

Набргу по објавувањето на снимката, многу обожаватели решија да коментираат и да ѝ се заблагодарат што ја сподели нејзината борба со кожната болест.

„Моментално имам периорален дерматитис и тоа е ужасно“; „Многу сум среќен што гледам вистинска кожа без ботокс и филтри. Прекрасна си“; „Ти благодарам за оваа снимка“; „Колку е убаво да се види природно лице“; „Неверојатно убаво“; „Имам атопичен дерматитис и ова е прв пат да видам некој познат како зборува за тоа“, биле дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот