ВИДЕО | Повторно се дивее кај Народна банка – од тротоар, преку велопатека, возач се приклучи во сообраќај
По којзнае кој пат, граѓани повторно ни испратија видео снимено пред зградата на Народната банка, на кое може да се забележи уште еден несовесен возач кој крши куп сообраќајни правила за да се приклучи во сообраќајот.
Препорачано
ВИДЕО | Возач на „пунто“ ги прекрши сите сообраќајни правила за да се паркира на див паркинг
Како што може да се види на видеото, возачот со зголемена брзина се движи по тротарот и пешачката патека во спротивна насока од онаа во која сообраќаат останатите возила на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, за потоа преку тротоарот да направи уште еден прекршок – незаконско полукружно свртување за на крај да се приклучи во сообраќајот.
Снимката е направена во непосредна близина на зградата на Народната банка, односно на пешачката патека која води од мостот „Мајка Тереза“ кон Железничка станица.
Во непосредна близина каде што е направен овој сериозен прекршок со кој се загрозува безбедноста на пешаците и велосипедистите е сместен и дивиот паркинг од каде секојдневно возилата преку импровизираниот излез, минувајќи низ пешачка и велосипедска патека, а потоа и пешачки премин, го напуштаат ова паркиралиште и се приклучуваат во сообраќајот, со што очигледно е дека оваа локација е без контрола од страна на надлежните, кои не ги санкционираат овие секојдневни девијантни појави.
ФОТО | До кога ќе се толерира дивиот паркинг кај Народна Банка?


