ВИДЕО | Потресна снимка од турската фудбалска легенда Демирел: „Помош, овде умираат луѓе“

фото: принтскрин/твитер EuroFoot

Волкан Демирел, легендарниот фудбалски голман на Турција, излезе во живо на социјалните мрежи среде разорниот земјотрес. Демирел кој е инаку тренер на Хатајспор, преку Инстаграм се огласи и побара помош за жителите на разорниот земјотрес кој однесе најмалку 1.300 животи.

Демирел е во градот на самиот југ на Турција долж границата со Сирија, Хатај, кој бил најблиску до епицентарот.

– Овде сите се очајни, во Хатај сите умираат. Ве молам, ситуацијата е многу лоша. Не можеме да допреме до луѓето. Им треба помош, Боже, помогни – го пренесуваат турските медиуми апелот за помош на легендата на Фенербахче.

Потоа почна да плаче и низ солзи рече.

– Помош! Испратете ги сите ресурси што ги имате. Не се само Хатај и Антакија. Ве молам, во име на Бога, овде умираат луѓе – се зборовите на Демирел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот