ВИДЕО | Португалија: Двe жртви и сериозни штети од бурата Кристин што ја зафати и Шпанија
Обилните дождови и силните ветрови што ја погодија Португалија во текот на ноќта однесоа најмалку две жртви и големи штети во областа на Лисабон и во центарот на земјата, според спасувачките служби, пренесува Ројтерс.
Препорачано
Минувањето на бурата Кристин беше обележано со обилни дождови и налети на ветер што достигнуваа и до 150 километри на час, придонесувајќи за паѓање на дрвја, поплави и лизгање на земјиштето и принудувајќи ги спасувачките служби да интервенираат во вкупно околу 1.500 случаи од полноќ до 8 часот наутро по локално време.
As imagens mostram o incidente no centro da Ericeira.
Esta quarta-feira foram registadas pelo menos 2600 ocorrências em Portugal continental devido à depressão Kristin, sobretudo queda de árvores e de estruturas e inundações. pic.twitter.com/iD39ENwR0E— Now Canal (@Now_Canal_) January 28, 2026
Еден маж загина во Вила Франка де Чира, на периферијата на Лисабон, кога откорнато дрво паднало врз автомобилот што го возел, соопшти националната агенција за цивилна заштита.

Уште едно лице загина при пад на „метална конструкција“ во Монте Реал, во регионот Леирија, појасни цивилната заштита.
Португалската влада реагираше со соопштение во кое ја опиша бурата како „екстремен климатски настан, кој предизвика значителна штета во многу делови од територијата“.
До 850.000 домаќинства и други згради беа без електрична енергија во раните утрински часови.
Неколку патни оски остануваат отсечени или делумно затворени, вклучувајќи го и главниот автопат што го поврзува Лисабон со северниот дел на земјата, а во некои области е засегнат и железничкиот сообраќај.
Неколку заедници одлучија денес да ги задржат училиштата затворени, а во Фигеира да Фоз, на брегот на централна Португалија, ветерот однесе огромно тркало.
Португалија во последните денови беше погодена од последователни бури, кои веќе предизвикаа една смрт овој викенд, кога еден човек беше однесен од вода додека се обидуваше да премине мала река со својот автомобил.
Бурата Кристин направи пустош и во Шпанија
Бурата Кристин продолжи кон исток и утрово стигна до Шпанија, која сè уште се бори да се справи со последиците од претходната бура Џозеф. Во крајбрежниот град Торемолинос, силните ветрови вчера предизвикаа пад на палма, при што загина една жена.
Повеќе од 160 патишта низ Шпанија беа погодени од снегот, вклучувајќи 27 автопати на главната автопатска мрежа, како што е А-6 што го поврзува Мадрид со северозападниот дел од земјата. Снегот ги покри и покривите на куќите во делови од центарот на Мадрид, но не предизвика поголеми проблеми.
❄️⚠️ Circulación complicada por nevadas en los corredores cercanos a Madrid.
❗️ Se ruega dejar despejado el carril izquierdo para facilitar el trabajo de las quitanieves.
Antes de realizar cualquier desplazamiento por carretera, consulta los perfiles oficiales.
ℹ️ @DGTes. https://t.co/4U0vnjCLJJ pic.twitter.com/dE63Fw0PGE
— Ministerio Transportes y Movilidad Sostenible (@transportesgob) January 28, 2026
Националната метеоролошка агенција на Шпанија AEMET предупреди дека големи области од земјата би можеле да се соочат со многу силни ветрови, при што некои налети на ветер достигнуваат сила на ураган. Властите во делови од јужниот регион Алмерија издадоа црвен аларм поради јачината на ветровите.
Локалните власти ги затворија парковите, а во некои области спортските и образовните активности на отворено беа суспендирани.


