ВИДЕО | Пораз на Денвер: Јокиќ недоволен против разиграната Минесота
Во третиот натпревар од првата рунда на НБА плејофот во Западната конференција, кошаркарите на Минесота славеа против Денвер со резултат 113:96, за водство од 2:1 во победи.
Препорачано
Минесота го постигна она што го сакаше во Колорадо, во вториот натпревар стигна до брејк и го префрли притисокот врз Никола Јокиќ и неговите соиграчи.
Веќе на почетокот од мечот беше јасно во кој правец ќе одат работите. Минесота поведе со 5:0, а кратко потоа го имаше и своето прво двоцифрено водство (14:4), по само седум минути игра.
Гостите не можеа да најдат никакви решенија во нападот, Јокиќ тешко доаѓаше до позиција да реализација, а и немаше соодветна поддршка од своите соиграчи.
По првата четвртина, Минесота имаше големо водство (26:11), а на почетокот од втората, Аделман одлучи да го одмори Јокиќ некое време. Домашниот тим знаеше како да го искористи тоа, и дополнително ја зголеми разликата, а на полувремето имаше огромни „плус 22“ – 61:39.
Минесота ја одржуваше својата предност до крајот на натпреваро и дојде до нова победа. Прв стрелец во тимот беше Ајо Досунму со 25 поени и девет асистенции, а на спротивната страна за Нагетс доминираше Јокиќ со 27 поени и 15 скокови.


