ФОТО+ВИДЕО | Поранешниот свршеник на Џенифер Лопез пристигна во Сплит: Сите гледаат во неговата девојка и во јахтата

Фото: Инстаграм

Алекс Родригез, поранешниот славен играч на бејзбол, познат на пошироката јавност како поранешен свршеник на пејачката Џенифер Лопез, пристигна во Сплит, Хрватска. Тој ужива во Хрватска со својата нова девојка, инструкторката по фитнет Џаклин Кордеиро.

„Слободна Далмација“ објави фотографии од Родригез во опуштена прошетка во Сплит, додека Џаклин се пофали на својот инстаграм-профил.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Претходно, Родригез се пофали со видео од својот одмор на Инстаграм, но не ја откри точната локација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jaclyn Cordeiro (@jac_lynfit)


Сега е јасно дека тоа е Хрватска, а се чини дека Родригез ја разгледува уживајќи на јахтата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alex Rodriguez (@arod)


Џенифер и Алекс се свршија во 2019 година, а во април 2021 година потврдија дека нивната свршувачка е завршена и дека „подобро се сложуваат како пријатели“.

„Ќе продолжиме да работиме заедно и да се поддржуваме во нашата заедничка работа и проекти. Си посакуваме најдобро еден на друг и на нашите деца“, изјавија пејачката и спортистот.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

По раскинувањето, Алекс изјави за подкастот на Марта Стјуарт дека сè уште мисли најдобро за пејачката.

Крај на една голема љубов: Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја раскинале свршувачката

Коронавирусот им ги расипа плановите: Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез ја одложуваат венчавката!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот