Тимур Иванов/Фото: Суд во Москва

ВИДЕО | Поранешниот руски заменик министер за одбрана во затвор заради корупција

Судот во Москва вчера го прогласи за виновен и го осуди поранешниот заменик-министер за одбрана на Русија, Тимур Иванов на затворска казна во траење од  13 години затвор по обвинението за корупција, објави државната новинска агенција ТАСС.

Иванов беше уапсен во април 2024 година под сомнение за поткуп, а истражителите додадоа нови обвиненија за проневера во октомври.

Неговиот случај е дел од најголемата серија корупциски скандали што го погодија рускиот одбранбен естаблишмент во последниве години.

Повеќе од десетина лица, вклучувајќи уште двајца поранешни заменик-министри, се уапсени во серија истраги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот