ВИДЕО: Политичарите бришат патос со новинарот Мариќ, еве како Борис Тадиќ дебатираше со него

Борис Тадиќ и Миломир Мариќ
Тадиќ ја растресе фабриката на лаги на Миломир Мариќ/Фото: Скриншот ТВ Хепи

Популарниот српски новинар и водител од ТВ Хепи Миломир Мариќ повторно беше мета на напади од своите соговорници, овој пат од лидерот на Социјалдемократската партија, Борис Тадиќ, екс претседател на Србија, во рамки на предизборното претставување на партиите и програмите на општите избори закажани во недела, 3. април.

Тој гостуваше во утринската програма на телевизија „Хепи“ кај Миломир Мариќ, а во таа прилика се осврна и на постапката против нарко босот Дарко Шариќ, кому му се суди за шверц на 5,7 тони кокаин и за бизнисменот Мирослав Мишковиќ, сопственик на Делта Холдинг. Тадиќ во оваа прилика истакна дека гледачите на дело можат да видат како новинарот Мариќ ја лаже јавноста со изнесување неточни информации во етерот.

Во текот на емисијата, водителот Миломир Мариќ во еден момент на лидерот на Социјалдемократската партија му го постави следното прашање:

„Што зборуваш, знаеш дека тајкуните беа по кафани и ги формираа твоите влади?“, рече Мариќ.

Тадиќ го праша за кои влади и кафани зборува.

„Мантер Камерон (н.з. поранешен американски амбасадор во Србија), Мишковиќ и некои луѓе се договорија и ве известија кои ќе бидат“, рече Мариќ, на што Тадиќ одговори:

„Нова лага. Ниту една секунда не разговарав со него за Владата, ниту со Камерон Мантер, ниту со Мишковиќ. Мишковиќ цело време ми ја финансираше опозицијата, знаете зошто? Затоа што не му дозволив да матии, а истрагата против него траеше цело време. Вучиќ го апсеше Мишковиќ врз основа на истрагата што ние ја покренавме, длабоко верувам дека овој човек извршил кривични дела, но немавме докази и не беше уапсен бидејќи надлежните институции, односно обвинителството немаше поттик да  уапси некој  за кого нема докази. Кој би ме отстранил од власт ако Мишковиќ беше уапсен? Многу е лесно да се остане на власт во Србија штом еднаш дојдеш, уапси го првиот човек кој е непопуларен“, рече Тадиќ.

„Зошто не го уапси?“, праша Мариќ.

„Па затоа што не сакам да го кршам законот, а криминалец кој беше уапсен без докази,  уапсен врз основа на кршење на законот. Ако тоа се случи, односно ти сигурно не си невин, ти се виновен врз основа на сето што се случувало, но можеби вие ќе бидете уапсени само врз основа што некому тоа ќе му користи од политички причини“, рече Тадиќ.

Мариќ потоа почна да зборува за случајот со Дарко Шариќ, кој неодамна беше ослободен од седумгодишниот притвор за да се брани од слобода.

„Дали е вистина дека, тоа го потврди во една од моите емисии, не демантираше, дека ти и Коштуница сте се скарале околу Шариќ? Тој ги промовираше Шариќи, Шариќи беа столб на тој режим формиран да ја помогнат српската работа на референдумот во Црна Гора, тоа е српска работа, не е на црногорската мафија и дека тебе Коштуница те прашал дали тој Шариќ имал некој сообраќаен прекршок во Србија, да не направил нешто?! А ти си му одговорил: „Нема ништо“, а тој ти рекол: „Ако за нешто им е виновен на Американците, тие нека го гонат“, запраша Мариќ.

„Почитувани гледачи, сега имате можност да ја видите фабриката на лаги на Миломир Мариќ. Така, никогаш во животот не му кажав дека сум се скарал со Коштуница за Шариќ. Коштуница немаше поим каков е безбедносниот аспект, ниту тоа го интересираше. Ниту го интересираше буџетот. Него го интересираше политиката во некоја замаглена форма. Јас се скарав за Шариќ со Мило Ѓукановиќ, се си помешал. Тебе ти се топи во глава сеќавањето со некое друго сеќавање, вистина со полувистина и кажуваш лаги во јавност и еве, сега да не сум јас во оваа емисија, тогаш гледачите кои ја гледаат утринската емисија на Хепи би отишле со мисла дека тоа е вистина. Со Ѓукановиќ, бидејќи ослободи двајца соработници на Шариќ надвор од законот и ние не можевме да ја завршиме истражната постапка до крај“, одговори Тадиќ на забелешката на Мариќ.

„Каква врска има тоа со Србија? Тоа што тој го направи со Американците, што ни е гајле?“, изјави водителот на телевизијата „Хепи“.

„Нели? Значи, треба да ги пуштиме луѓето да шверцуваат наркотици?“, праша Тадиќ, на што Мариќ одговори: „Па, што ако ЦИА шверцува, може и некој Србин“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот