ВИДЕО: Полициските хеликоптери исфрлија околу 200 тони вода при гаснење на пожарот кај Ајватовци

Пожар Ајватовци/Фото: Принтскрин

Во текот на вчерашниот и денешниот ден Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар кај селата Бучинци и Ајватовци, на територија на општина Илинден, упати два хеликоптери, Ми-171 и Бел-212, кои врз пожарот исфрлија околу 200 тони вода, соопшти МВР.

Од ЦУК соопштија дека под контрола се двата крака од пожарот кај Ајватовци.

-Пожарот на вториот крак кај селото Ајватовци е конечно ставен под контрола. Се продолжува со интервенцијата на полициските хеликоптери и авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и на пожарникарите, доброволците од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе и локалното население. Конечно сум оптимист во врска со овој пожар, изјави за МИА, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Двата крака од пожарот кај Ајватовци се под контрола, се интервенира на нов пожар во Студеничани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот