ВИДЕО | Погледнете го првиот трејлер за долгоочекуваниот „Avatar: The Way of Water“

Фото: Инстаграм, „Avatar“

Откако за време на викендот беше прикажан првиот трејлер за филмот „Avatar: The Way of Water“ на Џејмс Камерон, исклучиво во кината пред „Doctor Strange in the Multiverse of Madness“, денеска се појави и онлајн.

Продолжението на филмот со најголема заработка на сите времиња на светскиот боксофис е сместено повеќе од една деценија по настаните од првиот филм. Филмот ќе се фокусира на враќањето на Џејк Сали, кој го игра Сем Вортингтон, и Нави Нејтири, која ја игра Зои Салдана, и нивното семејство, кои ќе направат сè за да бидат безбедни.

И овојпат „Weta FX“ ќе се погрижи за визуелните ефекти на филмот, а ќе бидат предводени од оскаровецот Џо Летери.

Актерите кои ќе ги повторат своите улоги се Сигурни Вивер како д-р Грејс Августин и Стивен Ланг како полковник Мајлс Кварч, а Вин Дизел и Кејт Винслет е нови актерски имиња во филмот.

Премиерата на филмот е закажана за 16 декември.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот