ВИДЕО | Погледнете го првиот тизер за ‘Dune: Part Two’: Во филмот се враќа „заборавена“ филмска ѕвезда

Фото: Твитер/„Dune“

Продукционата компанија „Ворнер брос“ го објави новиот тизер за продолжението на филмот „Dune“ – „Dune: Part Two“, кој е во режија на канадскиот режисер Денис Вилнев. Исто така, беше претставен и официјалниот постер за филмот.

Вториот дел на филмот, кој е базиран на научно-фантастичниот книжевен серијал „Dune“ на писателот Френк Херберт, ја продолжува приказната на главниот лик Пол Атреид, кој сака да им се одмазди на заговорниците кои го уништиле неговото семејство.

Фото: Твитер/„Dune“

Соочен со изборот помеѓу љубовта на својот живот и судбината на познатиот универзум, тој се стреми да ја спречи страшната иднина што само тој може да ја предвиди.

Главните улоги ги толкуваат Тимоти Шаламе, Зендаја, Ребека Фергусон, Џош Бролин, Остин Батлер, Флоренс Пју, Дејв Батиста и Кристофер Вокен, кој по долга пауза се појавува во потенцијален блокбастер.

Филмот ќе почне да се емитува во киносалите ширум светот од 3 ноември годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот