ВИДЕО: Погледнете ги головите од натпреварот Македонија – Англија

Македонската фудбалска А репрезентација со реми против Англија (1:1) ги заврши квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија.
Нашите најдобри фудбалери пред околу 30.000 илјади гледачи на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, на нов тревник, не дозволија да бидат повторно поразени од Англичаните кои веќе го обезбедија настапот на следното ЕП.
Македонија водеше по првото полувреме со голот на Барди во 41 минута. Нашиот репрезентативец шутираше пенал по фаулот врз Миовски, Пикфорд го одбрани ударот, но Барди одбиената топка ја испрати во мрежата на англискиот голман.
Англичаните со сите сили атакуваа да останат непоразена во мечот и бодот кој им донесува да бидат први носители во жрепката за групите на Евро 2024.
Во тоа успеаја играчите на Герет Саутгејт, многу среќно по изведен корнер во 59 минута, несреќниот Атанасов од неговото реми топката заврши во мрежата на Димитриевски.