ВИДЕО | Почна судењето на Северина: Не се чувствувам виновна, дотичните госпоѓи треба да се на мое место

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Северина

Северина се појави во Општинскиот суд во Загреб, каде започна судењето на пејачката за наметливо однесување (демнење) на поранешната директорка на Градската поликлиника за заштита на деца и младинци во град Загреб, Гордана Буљан Фландер, и директорката на основното училиште каде учи синот на Северина, Љиљана Клингор.

„Дотичните госпоѓи внимателно му пишаа на главниот државен правобранител, лично и побараа да се позанимаваат со мене. И еве сум јас на суд, наместо тие да бидат предмет на истрага бидејќи работеле незаконски од позиции на власт“, изјавила Северина.

„Воопшто не се чувствувам виновна и мислам дека тие две дами требаше да бидат на мое место, од кои едната ја нареков кривонога баба, бидејќи во Сплит навистина имаме секакви изрази“, додаде таа.

Северина на судот пристигна во придружба на нејзината пријателка Зинка Бардиќ.

Во 2021 година беа објавени пораките што Северина и ги праќала на Љиљана Клингер, директорката на училиштето во кое учи нејзиниот син Александар, во кои таа ја нарекува „стара кривонога баба“ и ѝ вели дека би ја „задавила со раце“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот