Принцот Влијам и Џорџ - Фото: Икс/The Prince and Princess of Wales

ВИДЕО | По стапките на Дајана: Принцот Вилијам и Џорџ подготвуваа божиќен ручек за бездомници

Принцот Вилијам го одвел својот син, принцот Џорџ, во хуманитарната организација за бездомници во Лондон, каде што заедно учествувале во подготовката на божиќен ручек за луѓето на кои им треба помош.

Оваа посета имала особено емотивно значење за Вилијам, бидејќи токму во истата организација го однела и неговата покојна мајка, принцезата Дајана, кога тој имал 11 години. Тоа искуство подоцна силно влијаело врз неговата одлука да започне иницијатива насочена кон искоренување на бездомништвото.

За време на посетата на центарот „The Passage“, принцот Џорџ се потпишал во книгата на посетители – на истата страница каде што претходно се потпишала и принцезата Дајана, која трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, кога Вилијам имал 15 години.

Облечени во престилки, дванаесетгодишниот Џорџ и неговиот татко работеле во кујната, подготвувајќи ја храната и ставајќи ја во плехови за печење. Во пријатна атмосфера, разговарале и се смееле со вработените, по што помогнале и во поставувањето на долгите маси со салфетки и божиќни украси.

„На принцот од Велс му беше важно со принцот Џорџ да ја сподели мисијата на проектот ‘The Passage’ и заедно да поминат време во волонтерска работа со тимот“, изјави портпарол на Кенсингтонската палата. „Двајцата уживаа во средбите со вработените, волонтерите и корисниците на услугите, како и во запознавањето со работата на оваа хуманитарна организација.“

Покрај заложбите за спречување на бездомништвото, принцот Вилијам е активен и во промовирање на еколошки иницијативи, како и во кампањи за поголема отвореност и свесност за менталното здравје.

Се очекува Вилијам, неговата сопруга Кејт и нивните три деца Божиќ да го поминат на имотот на кралот Чарлс во Сандрингем, во источна Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот